Унгарија: Мајките со четири деца ќе бидат доживотно поштедени од даноци

Унгарскиот премиер сака повеќе деца да се раѓаат во неговата земја и со тоа да ја избегне потребата од имиграција. За разлика од многу други земји каде „притисокот“ за наталитет се врши само преку кампањи, унгарската влада нуди конкретна мерка: унгарските жени кои имаат четири или повеќе деца до крајот на животот нема да треба да плаќаат данок.

Според Орбан, тоа е борба за иднината на Унгарија, иднина која нема да мора да се основа на миграција.

 

Исто така, на младите парови ќе им бидат понудени и бескаматни кредити од 10 милиони форинти (околу 31.200 евра), кои ќе се укинуваат од моментот кога и ако парот добие трето дете.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Жените во Унгарија во просек имаат по 1.45 деца, што е помалку од европскиот просек – 1.58. Сепак, за разлика од Западот кој, одговара на падот на наталитетот со имиграција, „унгарскиот народ размислува поинаку, рече Орбан. „Нам не ни се потребни бројки, туку унгарски деца“, заклучува тој.

 

 

- Реклама -