Унгарија ќе биде првиот противник во втората фаза

По комплетирањето на последното коло во групите А и Б на Европското првенство во ракомет, познати се имињата на противниците со кои Македонија ќе игра во втората фаза. Шпанија, која е актуелен светски првак, Исланд и Унгарија се екипите со кои ‘црвено-жолтите’ ќе врста во втората фаза.

Во последното коло, во А групата Македонија ја победи Австрија со 22:21, додека Данска ја совлада Чешка со 33:29. Во Б групата Унгарија и Норвешка ремизираа 26:26, а Шпанија го победи Исланд со 33:28.

Во новоформираната Група 1 Данска и Шпанија влегуваат со по четир бодови, Македија со два, Исланд и Унгарија со по еден, а Австрија во втората рунда не носи ниту еден бод.

Македонската репрезентација, натпреварите во втората рунда ќе ги започне во сабота против Унгарија. Натпреварот ќе се одигра во Хернинг со почеток во 16 часот. Во истиот термин противник, во понеделник, противник на Македонија ќе и биде Исланд, додека во среда, во последното коло во групата, Македонија ќе игра против Шпанија.

- Реклама -