Унгарија ја спушта рампата – се предвидува тензија и притисок на границите

Утре целсоно ќе биде затворена границата меѓу Унгарија и Србија, а истата вооружани со автомати ќе ја чуваат околу 4.000 унгарски војници.

Се очекува голем наплив на бегалци, поради што војниците имаат дозвола дури и да пукаат ако во некој моемнт се наруши безбедноста.

Откако стана јасно дека 15 септември е крајниот рок, сите гледаат да го фатат „последниот воз“. Така само вчера влегле рекорден број мигранти во Унгарија (5.809).

рампа1

Порпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач изјави дека слободата на граѓаните на Европската Унија би можела да биде загрозена поради неуспехот на ЕУ да ја зајакне заштитата на своите граници.

Тој додава дека е тешко да се предвиди што ќе се случи кога ќе стапат во сила строгите мерки на контрола на границите. Ковач додаде дека извесно ќе дојде до притисок и тензија, но контролата и воспоставувањето на редот се неопходни.

- Реклама -