Над илјада дивоградби од кои повеќе од 400 се во заштитетниот појас. Толку бесправно објекти беа регистрирани во Охрид и градот имаше рок до февруари да ги отстани, но акцијата се уште не е завршена.
Алфа телевизија јави дека на 27 јануари во Охрид доаѓа мониторинг мисија од од експертската група на УНЕСКО. Треба да контролираат колку е реализирано и што направила државата во овој мешупериод.
Во акцискиот план за спроведување на препораките на УНЕСКО е и затворање на депонијата Буково, изградба на претоварна станица и чистење на дивите депонии до крај на оваа година. Невладините критикуваат дека на еден месец до крајниот рок за исполнување на препораките државата и градот не сториле ништо.