Џозеф Тејм е сопственик на производи на Apple само пет години, откако го купил својот iPod Classic од петта генерација, но тој со задоволство ја изразува својата љубов за технологијата на оваа компанија. Тој тврди дека „поседувањето на iPhone навистина го променило неговиот живот“.
Во чест на Стив Џобс по неговиот неодамнешен отказ, Тејм ја употребил Runkeeper апликацијата на својот телефон за да го сними своето 21 километарски полумаратон во облик на логото на Apple низ улиците на Токио. Покрај логото на Apple, Тејм на својот сајт „Уметноста на трчањето“ има постирано и други негови креации, создадени со „две нозе и два телефони“.