Уметност со голи човечки тела!

Сесилија Вебер, од Лос Анџелес, фотографира голи човечки тела и ги составува во форми на цвеќиња, птици и слични примероци од живиот свет на природата, создавајќи некои од најфасцинантните слики што сте ги виделе.399641_369555

 

Иако користи фотошоп во процесот, нејзината работа не е воопшто лесна како што изгледа. Процесот на изработка вклучува сериозно планирање и скицирање со цел да се утврдат вистинските пози потребни за проектот. Најчесто и требаат повеќе од 50 фотографии од една поза, додека ја добие совршената форма. И тогаш доаѓа најтешкиот дел – дигитална обработка, ротирање и составување на фотографиите во комплексни цвеќиња, птици и пеперутки. Најчесто, делата ја чинат скоро 2 месеци и работа со повеќе од 700-тина слоеви од дигитални фотографии.

 

„Најтешкиот дел е оркестрирање на релациите помеѓу различните пози и гледањето на тридимензионалното човечко тело како дводимензионален дел од замислената форма“ – вели Вебер.

Cecelia Webber (13) Cecelia Webber (9) cecelia-webber-11 human_flowers_03 webber07 webber05 White Dandelion webber09 cecelia webber webber02 Fuchsia-72dpi1000x800-marked

- Реклама -