Уметност погледната од птичја перспектива

Повеќе... Мистериозни кругови кои како да се направени од вонземјани и необични уметнички форми направени од луѓето. Замаскирани на земјата, овие необични форми се откриваат само погледнати од голема височина.


Мистериозни кругови кои како да се направени од вонземјани и необични
уметнички форми направени од луѓето. Замаскирани на земјата, овие
необични форми се откриваат само погледнати од голема височина.

Реални Трансформерси направени од возила
transformers-parking-lot_1.jpg

Француско-швајцарскиот уметник Guillaume Reymond е креаторот на овој „Проект Трансформерс“, кој користејќи различни видови возила ги направи овие форми кои изгледаат како џиновски роботи погледнати одозгора. Во првиот проект тој користел амбулантни и пожарникарски возила кои изведувале посебна кореографија за да се формира роботот. Во вториот дел од проектот се користеле автобуси за да се добие сличен ефект.

transformers-field.jpg

{youtube}epEjByo2G-M&eurl{/youtube}

Најсложената форма во поле откриена во Британија
most-complex-crop-circle.jpg

Најкомплексната форма во поле беше откриена во јуни 2008 во Британија. Формацијата која е со големина од 45 метри во дијаметар, се смета дека е кодирана слика која ги претставува првите десет цифри (дигити) на бројот Пи (3.141592654). Според астрофизичарот Michael Reed десеттата цифра е прецизно заокружена. Малата точка блиску до центарот е децималната точка. Потеклото на овие кругови не е познато.

Јапонска уметност во полиња со ориз
Секоја година фармерите во Инакадате во Јапонија креираат огромни уметнички дела во оризовите полиња.
japanese-field-art-1.jpg
japanese-field-art-2.jpg
Мистични 3D форми

Двете се фотографирани во Англија. Многумина сметаат дека нивната форма го претставува патувањето од физичкиот кон боженствениот свет. Во традиционалната геометрија квадратот го претставува физичкиот свет, а кругот – боженственото кралство или бесконечноста.

3d-crop-circle-2.jpg
3d-crop-circle-3.jpg

Повеќе мистериозни појави и уметнички проекти кои се видливи само од птичја перспектива можете да погледнете и да прочитате за нив тука.

- Реклама -