УМЕТНОСТ И КОМАР

rwQbAlCmgBZpjt3F1GN0JQ-wideСедеше во празниот ходник од болницата за лечење зависности. Во раката имаше некој картон и чекаше да му акнат печат и да стане фацата на нервната установа. Рацете му се тресеа, устата му пелтечеше а џигерот му беше стопен од стотиците литри жесток алкохол. Алатот одамна му беше претворен во ѕвонец, налик на погинат липицанер кој ги прескокнал своите долини и брда. Му служеше за мочање, многу ретко му се дигаше. Курварот чии заби попаднаа од лижење цицки и од обоени алкохоли сега беше дел од царството лудаци.

Беше талентиран сликар. Потоа почна да ја презира уметноста поради неправдите која ги носи таа. Создавај и твори за неписмен свет. Делата ги красат ѕидовите, но не и на луѓето животите. И тури кур на четката. Набрзо почнаа рацете да му се тресат од коктелите на алкохол и антидепресиви. Рацете му беа добри само за фрлање зарови. И тој порок беше негов. Кога не другаруваше со заровите киснеше над рулетот. Светот му стана Црвено-Црн, пар-непар, горе -доле. Тоа му беа и главните жаргони во животот. Кај курвите преспиваше кога ќе го сјебеа сите малери и кога ќе здрвеше шекераста ракија. Со тапани во главата, болки во јетрата и мачнина во психата се домакнуваше до вратите на хуманите дрољи. Ќе му го испушеа од време на време затоа што за секс беше премногу спор, уморен и пијан.

Се шлаеше по скопските улици и секој ќош го демнеше и го повикуваше назат во јатото. Како збудалена животиња го имаше вперено погледот во асфалтот плашејќи се да погледне лево десно. Пороците беа на секој ќош, а тој беше предодреден за нив.
Влезе во една биртија! Една ракија..ко ни една….две како една, значи пак како ни една…секоја наредна…КО ДА Е ПОСЛЕДНА……Удри на жестоко пиење и за кратко време се врати на ниво. Алкохолот му беше редовна закуска, пред јадење, главно јадење и вечера. Храната за него беше штетна. Од алкохол немаше повратено со години, а често тоа го правеше од вода или храна. Извади од џебот 50 евра кои му беа поклон дадени за лекарства од една неталентирана ебачица која очајно се надеваше дека порочниов ќе ја венча. Такви се тие пички. Цел живот ќе ги дупиш и телесно и ментално и на крај пак ќе те вадат од лајната.
Но безнадежниот случај никогаш не сака да биде спасен од безнадежен случај. Ебаљката на господин Порок имаше 41 кило, сплескан газ, изгорена коса со лоша нијанса на фарба и многу смрдлив здив.

Влезе во казиното и ги стави сите 50 евра на црно. Ебаната среќа или несреќа го посака. Лапна 100 евра во џебот и веднаш на асталот си нарача шише Џони. Му даде пак на црно и си здроби уште 75 евра во џебот. Наредните 5 раце беа на црно а нашиот коцкар имаше инкасирано 1040 евра. Играше хазардерски. Целиот влог го ставаше во игра. Тоа за него беше живот, а не парата која можеби ке ја добие или изгуби. За него изгубената пара беше само прекин на една убава игра. Кој ги ебе парите….ги фрлаше како тоалет хартија на шарената маса.
За кратко време до него се доџапаа и ороспиите и дилерите на дроги. Едно шмугле му даде од под ракавот четврт грамче бел кристал. Го фукоса со светлосна брзина и почна да го пржи мозокот на соларна температура. Сите светла од казиното како да беа вперени во него. Човекот кој пред некое време гинеше во болницата за рехабилитација сега ги имаше раширено орелските крила и се праеше лом на столот од рулетот.

Алкохол, коцка, дрога и две курви лево и десно од него.Беше како никогаш жив. Дури и патлакот му стана. Замина во купатилото да опне уште една доза од кристалот a во едно и да се помоча. Како да си ја помоча ебаната среќа.
Се врати на столот а таму веќе беа малерозните фаци… Во 4 раце ги загуби сите пари, одејќи упорно на црно…Остави еден златен прстен од бившата жена, кожната јакна, и по тенка блуза излезе надвор од казиното скитајќи како лингур.
И се јави на својата грда пријателка и несудена љубов. Таа повторно го прибра. Без ниту еден збор на презир и критика. Таа му беше доживотно верна и ужасно грда несреќа. Кокаинот полека му изветреа. Падна во депресија и таа вечер се дотепа со алкохол……заспа на музиката на Рамштајн….
Малата несреќа од жена цела ноќ беше будна и бдееше над промашениот случај…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -