Уметност од чадори што „експлодираат“ (видео)

Чадорите нудат заштита од дождот и од снегот, во детските книги служат и како превозно средство со кое може да се лета, но од време на време тие може и да „експлодираат“ и на тој начин да создаваат уметнички дела.

Барем во инсталацијата Pop Pop Bang, изработена од уметниците Томас Браун и Ана Брнс. Оваа уметничка инсталација од чадори е поставена низ повеќе идилични локации во Велика Британија, како шумите во Норфолк, селските куќи во Сафолк, како и во пристанишниот појас. Овие чадори се отвораат за да создадат возбудливи акциски сцени, во кои има и чад.

– Инспирација за овие сцени црпевме од бурната забава што е присутна во сите лоши филмски класици од Б-класа. За да се оживее мирното сценарио, ги избравме сите „машки“ предмети на кои можевме да се сетиме, како пиштоли и експлозии – вели Томас Браун.

Секој чадор е направен со користење на рачно обоени материјали, а потоа е поставен на цврста платформа. Иако процесот на отворање на чадорите делува целосно спонтано и природно, всушност, нивното отворање е рачно и потоа е скриено во процесот на едитирање на видеата. [Pop Pop Bang by Thomas Brown and Anna Burns]

{vimeo}52703690{/vimeo}

- Реклама -