На прв поглед, овие портрети лесно можат да се помешаат со стари фотографии.
Но сликите бараат повнимателен поглед- затоа што создадени се со моливи во боја. Овие извонредни илустрации се дело на хрватскиот уметник Дино Томиќ, кој има само 25 години.
„Помеѓу моите 16 и 18 години, јас навистина почнав да се фокусирам на умерноста“, изјавил Томиќ, кој моментално работи како умерник за тетоважи во Нотоден, Норвешка.
Тој додаде: „Од тој момент до сега не сум пропуштил ден без да нацртам нешто. Си поставив цел да создавам нешто секој ден и продолжив така до денес.“
„Се што е во уметноста е предизвик, и тоа е добра работа. Ако ви е премногу удобно со тоа што го правите сте престанале да се подобрувате, и нема подобар начин да се подобрат вашите вештини од работа на големо платно со обоени моливи.“
Еден голем цртеж со скала од 160X160cm, сликата да се заврши се потребни вкупно 70 часа.