Уметничко дело на хуманоиден робот ќе оди на аукција

Портрет на англискиот математичар Алан Туринг, кој се смета за татко на модерната компјутерска наука, се продава како дел онлајн продажба наречен „пресекот на уметноста и технологијата“, кој ќе трае од 31 октомври до 7 ноември.

Сликата наречена „Бог на вештачката интелигенција“, се проценува дека вреди меѓу 100.000 и 150.000 фунти, според креаторите на роботот Аи-Да.

Овој ултра реален робот е еден од најразвиените во светот. Тој има бионички раце и лице со кафена перика што  дава вознемирувачка сличност со човек.

Роботот е создаден во 2019 година од тим предводен од Ејдан Мелер, галерист и основач на AI-Da Robot Studio, со експерти за вештачка интелигенција од универзитетите во Оксфорд и Бирмингем во Англија.

Инспирација за името на роботот беше Ејда Лавлејс, првата жена која кодирала.

Роботот уметник користи вештачка интелигенција за да создава слики или скулптури и има камери во очите и бионички раце. Се движи и зборува самостојно, без човечка интервенција.

Прочитајте и:  Мора да инвестираме во образование и регулација за ВИ да не нѐ остави на улица

„Преку сликите на Алан Туринг ги одбележувам неговите достигнувања и неговиот придонес во развојот на информатиката и вештачката интелигенција“, рекол роботот.

Портретот, со деструктуриран, темен тон на лице, сликовито потсетува на стравовите на Ален Туринг за употребата на технологијата и продолжува да поставува прашања за тоа до каде ќе не однесе моќта на вештачката интелигенција, рече креаторот на AI-De, Ајдан Мелер.

Делата на роботот Аи-Да веќе беа изложени на биеналето во Венеција, во музејот за дизајн во Лондон, на пирамидите во Гиза и во Обединетите нации. Роботот зборуваше во горниот дом на британскиот парламент во 2022 година.

Другите дела кои ја испитуваат улогата на вештачката интелигенција и дефиницијата за уметничко творештво ќе бидат продадени во текот на истата недела, на онлајн аукција.

- Реклама -