Би сакале плетени компирчиња? Уметницата од Велика Британија, Кејт Џенкинс, создава едни од најинвентивните дела од волна кои некогаш ги имаме видено. Овие плетени 3D структури изгледаат толку реално и вкусно, што навистина може да ви ја размрдаат гладта. За сите љубители на храната и уметноста, делата на Џенкинс се вистински рај.