Ума Турман најпосле го откри името на девојчето кое се роди на 15 јуни оваа година. Актерката и нејзиниот партнер, Арпад Бусон,го одбраа името Розалинд Аруша Аркадина Алталун Флоренс Турман – Бусон, но преферираат луѓето да ја викаат Луна.
Претставникот на Ума Турман, Габриела Качман за People магазинот изјавила: „Сакам официјално за првпат да ви го кажам името кое Ума и Арки го одбраа за нивната ќерка: Розалинд Аруша Аркадина Алталун Флоренс Турман – Бусон, или како што им е позната на пријателите и роднините, Луна.“
Габриела Објаснува дека секој дел од името има лично значење за родителите. Тие го избрале секое име во чест на нешто што им е многу значајно. Ума претходно имаше две деца, 14 годишната Маја и 10 годишниот Левон, со својот поранешен сопруг Итан Хок. Ова не е прв пример на позната личност која решава да го жигоса своето дете со непотребно комплицирано или на моменти глупаво име.
Николас Кејџ реши да ја покаже својата огромна љубов кон стриповите преку својот син Кал-Ел, но тој барем и го промени своето презиме од Копола во Кејџ во чест на неговиот омилен лик од стрип Лук Кејџ.
Боно своето дете го крсти Мемфис Ив, актерот Форест Витакер својата ќерка ја нарече Оушн. Но сепак, наградата за најглупави имиња одат на актерот Роб Моро од Numb3rs, Ту Моро (Tu Morrow) и Џермејн Џексон кој на едно од своите девет деца му го даде името Џермаџести.