Ултразвукот ги изненадил докторите, а бебето уште повеќе

Големото мнозинство од бебињата се раѓаат речиси целосно или со минимум коса, па затоа оние „побујните“ во косата често привлекуваат внимание. Меѓутоа, малата Лекси-Роуз е посебен случај.

Моментално има само 5 месеци, а веќе е прогласена за најкосестото бебе во Велика Британија, пишува Metro. Докторите ѝ ја забележале густата коса уште на ултразвучните прегледи, но по раѓањето, не само и мајката, туку и бабиците признале дека во своето работно искуство немаат видено бебе со толку многу коса.

„Луѓето постојано ме застануваат на улица и коментираат за нејзината коса. Едноставно не можат да веруваат дека бебе може да има толку коса. И јас бев во шок кога се роди, а оттогаш ѝ е уште повеќе порасната“, објаснува мајката Хана, чија прва ќерка исто така е родена со коса, но ни приближно колку Лекси-Роуз.

За ехо-прегледите… „Ми објаснија дека обично на таквите скенирања не може да се види дали бебето има коса, но тоа кај Лекси не беше случај. Кај неа добро се гледаше. Дури и јас сум била родена со многу коса, ама ниту јас сум немала ни приближно волку“, раскажува мајката.

Во меѓувреме, секојдневно мора да ѝ ја суши косата на Лекси со фен, за да ѝ ја одржува. „Не сакам да ја шишам, нека ѝ биде природна. Ѝ ставам само шноли за да не ѝ оди во очи, а тие, за среќа, на Лекси воопшто не ѝ пречат“.

- Реклама -