Уловен еден од најголемите алигатори во светот

Според ловецот Том Грент, откако масивниот алигатор се закачил на куката следувал „час и половина влечење и хаос пред конечно да го совладаме.“

Четворицата ловци во петокот, на приватен ранч за лов во Мисисипи, го уловиле овој алигатор од 316,3 килограми, најтешкиот досега фатен во државата и еден од најтешките во светот. Регионот на устиетот на реката Мисисипи се состои од клубови за лов, шуми и плантажи.

Грент вели дека неговата група го уловиле алигаторот за време на ловната сезона во близина на Фитлер во Округот Исакена. „Кога го уловивме знаевме дека е голем, ама немавме ни идеја дека е толку голем.“ Еден ден подоцна Department of Wildlife, Fisheries & Parks потврдиле дека алигаторот е државен рекорд.

Претходниот рекорд бил 313,2 килограми и бил уловен минатата година во истата река. „Ова не е првиот рекорд кој потекнува од овој округ и најверојатно нема да биде последен“ рекол Рики Флинт, координатор на програмата за алигатори на Department of Wildlife, Fisheries & Parks.

Грент го доби признанието за најновиот рекорд. Алигаторот бил долг 4 метри и имал обем од 165 сантиметри околу стомакот, што значи дека имал добра, здрава исхрана. Обемот на неговата опашка бил 114 сантиметри.

- Реклама -