УЛОГАТА НА СЕМЕЈНИОТ ЛЕКАР ВО ВОДЕЊЕ АКУТНИ ГОРНО-РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ

Д-р Марта Тунџева – специјалист по семејна медицина

Секоја сезонска промена влијае на нашиот организам. На пролет, телото е поактивно и луѓето се подложни на стрес, но во зима телото функционира поспоро поради студот и е подложно на горно-респираторни инфекции (АГРИ) и настинки. Меѓутоа, не секој реагира бурно и развива болест. Тоа е оправдано со индивидуална имунолошка и психичка одбрана.
Горно-респираторните инфекции најчесто се вирусни и за нив не е потребен и не постои посебен третман. Вирусните инфекции пак, треба да се разграничат од рекурентните или хронични инфекции. Најважно од сé е да се комуницира, со цел да се открие за што се грижи пациентот, преку земање анамнеза, а тоа е за симптомите, почетокот, траењето, кои му се очекувањата од прегледот и исходот. Во нареден чекор треба да се процени тежината на заболувањето, со цел да се процени дали претстои влошување, да се осврнеме на минати состојби или лошо поминати настинки, коморбидитети и слично. Последниот чекор ние лекарите да умееме да дадеме совет за самогрижа и тоа да се прифати и спроведе во континуитет од страна на пациентот.
При самиот преглед, од страв да не се влоши состојбата, пациентите прават притисок да се препише антибиотик. Нашата улога е да изградиме партнерски однос со пациентите. Кога тие се свесни за таа пријателска врска, се сложуваат дека не им е потребна антибиотска терапија, дека не секоја настинка е бактериска, дека секоја температура, треска или грозница не се должи на инфекции, дека антибиотиците не моат да спречат секундарни бактериски инфекции после вирози и дека повеќето бактериски горно-респираторни инфекции се самолимитирачки.
Во најголем број случаи симптомите траат: отитис медија – четири дена, кај воспаление на тонзили – една недела, настинка – една ипол недела, грип – две недели, течење на нос – една до две ипол недели, синуситис – 2-3 недели, акутна кашлица – три недели, покачена температура при вироза – 3 до 5 дена.
Наша работа е да ги поучиме пациентите да се јават на лекар ако се појаат знаци на: конфузност, повраќање, укоцен врат, тешко дишење и голтање…
Секако, еден од најдобрите совети е одмор и мирување.

Во кои случаи не е потребен антибиотик?

При симптоми на кашлица, настинки, трахео-бронхити, обструктивни бронхити, атопични дерматити со кашлица, вирусна засипнатост. Нашата улога е клучна кога се во прашање советите, меѓу кои се вбројубаат и препораките за исхрана – богата со овошје, зеленчук, витамински напитоци, домашна топла храна, течности кои се ниту жешки ниту ладни, потоа советите за здрави навики – хигиена на раце со или без антисептици, носење ракавици, маски со филтри, како и изолација на болни.
Советот за примарна превенција кај хронично-болни и оние со мултиморбидитет, оди во насока на имунизација против грип и пнеумокок, особено кај пациенти со ХОББ, ДМ.

Текстот е спонзориран

- Реклама -