Улицата „Димитрија Чуповски“ кај Рекорд денеска после 18 часот ќе се претвори во пешачка зона, за да се види како би функционирал во пракса планот за ослободување од сообраќај на „Мал ринг“.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека низ улицата „Димитрија Чуповски“ денеска се предвидени низа активности за посетителите.
„Денеска после 18 ч. улицата Димитрија Чуповски (кај Рекорд) ќе биде затворена за коли и автобуси, а отворена за пешаци и велосипедисти. Дојдете заедно да го почувствуваме отворениот простор за да видиме како ќе изгледа Малиот Ринг во иднина ослободен од моторизиран сообраќај! Донесете ги и своите деца, ќе има многу забавни содржини за нив и за возрасните!“, пишува Шилегов