На листата на најважни трендови за пролетната и летната сезона 2015 година, покрај естетиката на 70-те се наоѓа и жолтата боја.
Жолтата доминираше на модните писти, видовме неодоливи парчиња во жолта боја на ревиите на Мајкл Корс, Филип Лим и Балманиа.
Модерни се сите нијанси на жолта боја, но оваа сезона, жолтата се носи соло или со додавање на црната и белата боја. Исто така, таа слободно се меша со тексас и светла чипка.
Љубителите на модата ја засакаа жолтата боја и ја носат од глава до пети – жолтиот изглед е предлог за љубителите на оваа боја.
Лимон жолтата изгледа одлично на додатоците – жолтата торба и високите потпетици. Оваа сјајна боја одлично прилега во поп арт естетиката. Принтовите како карикатури се актуелни ова лето.
Погледнете како познатите ја носат оваа боја низ улиците на метрополите.