Улична мода

Прочитај повеќе...Заборавете на она што го велат дизајнерите, трендовите не излегуваат од нивните студија на улиците, туку процесот е поверојатно (или се повеќе) обратен. Креативни анонимни индивидуалци од целиот свет се пионери на модата, носејќи ја облеката на нов и неочекуван начин во креирањето на својот сопствен стил.

Заборавете на она што го велат дизајнерите, трендовите не излегуваат од нивните студија на улиците, туку процесот е поверојатно (или се повеќе) обратен. Креативни анонимни индивидуалци од целиот свет се пионери на модата, носејќи ја облеката на нов и неочекуван начин во креирањето на својот сопствен стил.

Голем е бројот на блогови за улична мода, со фотографии од реални луѓе уловени на улиците на светските метрополи, такашто ова е веќе глобален феномен. Еден од највлијателните блогови за улична мода е блогот на фотографот попознат како The Sartoriallist, т.н. крал на уличната мода. 

sartoriallist
 

Еден од попознатите и поактуелни блогови е и блогот на Ivan – the facehunter, кој ги лови своите „жртви“ во клубовите и улиците на Париз, Лондон и другите европски метрополи.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

facehunter
 

Кога се зборува за улична мода неизбежно е да се спомене Јапонската која сама по себе е феномен.  Се работи за една субкултура од млади луѓе лоцирана во Токио, посебно на улиците на Harajuku, со ексцентричен начин на комбинирање на традиционалната јапонска облека со онаа од западен стил, hand-made облека и модни додатоци, со силно влијание на аниме, готика, лолита-стил…  

{youtube}4UfQjOcmFXA{/youtube}

Hel Looкs е блог инспириран од јапонските Fruits и Street магазини,пионерите на фотографијата за улична мода, a кој го документира индивидуалниот стил во Хелсинки.

20080329_02
 

Речиси секој поголем град има блог за улична мода, на Street Peeper може да се видат фотографии од сите поголеми светски метрополи заедно на едно место. 

street_peeper

 

- Реклама -