Во главниот град на Босна и Херцеговина – Сараево, на аголот на улицата токму кај Латинскиот мост, виси голем пурпурен транспарент на кој пишува со бели букви: „аголот на улицата, на која што започна 20-тиот век”.
На ова место на 28 јуни 1914 година, 19-годишниот Гаврило го убива австрискиот надвојвода Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија, што го означи почетокот на серија на настани кои доведуваат до Првата светска војна и промена на текот на 20-тиот век.
Цела трагична ситуација на грешки го води надвојводата токму пред неговиот убиец. Непопуларноста на Франц Фердинанд е резултат на неговите политики, кои не биле добро прифатени од владејачката елита. Како резултат терористичка група планира да го убие надвојводата, за да ги испрати во историјата предложените реформи.
На овој судбински ден седум заговорници се наоѓаат по должината на рутата на надвојводата. Повеќето од нив не преземаат никакви дејства, а еден фрла бомба, која сепак не стигнува до метата, туку ранува неколку луѓе. Откако го избегнал успешно првиот обид за атентат, Фердинанд пристигнува во Градското собрание, а потоа решава да ја посети болницата, за да ги види луѓето кои се повредени во бомбашкиот напад. Сепак, никој не ги известил шоферите дека има промени на патот. Автомобилот се движи по стариот пат и кога грешката е увидена, застануваат на аголот. Бомбашот кој ја пропушта шансата порано во текот на денот, седи во кафуле на другиот агол. Гледајќи го автомобилот, тој се упатува кон улицата и ги убива. И покрај тоа што убиецот е фатен и осуден, Првата светска војна веќе е во тек.