Украинскиот парламент објави „видео“ од руско бомбардирање на Париз (ВИДЕО)

Украинската Врховна рада синоќа објави видео-симулација од фиктивно руско бомбардирање на Париз, за да покаже како би изгледало кога Русите би бомбардирале некоја од европските престолнини. Целта на видеото, насловено „Париз под бомби“ е да ги сензибилизира Европејците и, конечно, да резултира со одлука на Западот да го затвори небото над Украина, што земјата постојано, засега без успех (поради стравот на западните сојузници од ескалација на војната надвор од границите на Украина), го бара.

„Дали познатата Ајфелова кула во Париз или Бранденбуршката порта во Берлин би останале да стојат под бескрајните бомбардирања на руските трупи?“, прашуваат Украинците во видеото објавено на Твитер, јавува дописникот на МИА од Украина.

„Дали мислите дека ова не Ве засега? Денес е Украина, утре ќе биде цела Европа. Русија ништо нема да ја запре“, се наведува во твитот на Врховна рада.

Прочитајте и:  Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје

Во видеото, украинскиот парламент порача и дека Украинците ќе се борат до крај. Воведувањето на NFZ (no-fly zone, затворање на небото), или испраќање на борбени авиони за Украина – како алтернатива, велат, на Украинците ќе им даде шанса за живот.

- Реклама -