Првиот медал за Украина на Олимписките игри во Париз го освои Олга Харлан во мечување, која стигна до бронзата во дисциплината сабја.
Таа им го посвети медалот на колегите „убиени од Русите“.
-Овој медал го посветувам на сите мои колеги кои не можеа да бидат тука бидејќи беа убиени од Русите. Јас сум Украинка и секогаш ќе имам сила. Продолжуваме да се бориме, рече Харлан по големиот успех.
Олга за малку немаше да настапи во Париз бидејќи била дисквалификувана на светското првенство, откако одбила да се ракува со натпреварувачка од Русија.