Украинците го нападнаа и третиот мост во Курск

Русија потврди дека Украина го нападнала и третиот мост во областа Курск, по кој украинските сили извршија копнена инвазија пред речиси две недели.

Според руските истражители, Украина вчера вечер нападнала и оштетила мост на реката Сејм.

Украинците вчера потврдија дека нивните воздушни сили уништиле уште еден стратешки важен мост на реката Сејм во пограничниот регион Курск, со што драстично се намалил капацитетот за снабдување на руската група која се спротивставува на украинското напредување. Напаѓајќи го третиот мост, Украинците очигледно изолирале околу 700 километри од територијата на областа Курск.

Утринава се проширија информации дека украинските сили го уништиле третиот, последен мост на реката Сејм во областа Коренески во областа Курск во Русија. Како што објави на „X“ Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, оваа информација ја објавија руски воени блогери.

Прочитајте и:  Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Најголемиот мост на реката Сејм се наоѓа во селото Глушково, а украинските сили го уништија пред три дена, во попладневните часови. Ден подоцна беше погоден уште еден мост, кој се наоѓа посеверно, во селото Званоје.

-Доколку се потврди уништувањето на третиот мост, единиците на руската армија јужно од Курск ќе бидат опколени. Приближната површина на опкружената област ќе биде речиси 700 квадратни километри, објави Герашченко утринава на „Х“.

- Реклама -