Украина, САД и Британија се одговорни за нападот на мостот на Крим, обвинува Москва

Украина стои зад нападот на мостот на Крим (кој ја поврзува Русија со полуостровот), а вмешани во инцидентот се и Велика Британија и САД, обвини денеска Москва.

„Денешниот напад на мостот на Крим го изврши режимот во Киев. Овој режим е терористички и ги има сите обележја на меѓународна организирана криминална група“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Според Москва, „одлуките ги носат украинските официјални лица и војската со директно учество на американските и британските разузнавачки служби и политичари“, а САД и Велика Британија „се на чело на терористичката државна структура“, рече Захарова.

Киев иако не признава, барем не официјално, сепак алудираше дека стои зад нападот, а првиот човек на ГУР (Украинската воена разузнавачка служба) – Кирил Буданов, изјави дека „Кримскиот мост таму e вишок објект“.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Извор: МИА

- Реклама -