Украина нема да започне контраофанзива пред средината на јуни

Киев, 5 мај 2022 (МИА) – Малку е веројатно дека Украина ќе започне контраофанзива пред средината на јуни, кога треба да добие повеќе оружје од своите сојузници, најави денеска советникот на украинскиот претседател – Алексеј Арестович.

Тој, исто така, додаде дека не очекува руската офанзива на Украина да донесе некакви „значајни резултати“ до 9 мај, кога Русија ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Арестович истакна дека борбите во фабриката за челик „Азовстал“ продолжуваат, но не соопшти детали.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
- Реклама -