Украина лансираше дронови врз Москва и врз западна Русија

Украина синоќа истрела серија беспилотни летала кон Москва и западниот дел на Русија. Во нападите нема настрадани луѓе, ниту е причинета сериозна материјална штета, соопштија локалните власти.

– Руската противвоздушна одбрана уништила најмалку еден дрон насочен кон Москва, објави градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин на социјалната мрежа Телеграм.

Остатоци од дрон предизвикале мали пожари во Липецка област, западна Русија.

Во Брјанска и Орловска област, западна Русија противвоздушната одбрана уништила неколку беспилотни летала.

Прочитајте и:  Вучиќ не открива дали ќе оди на самитот на БРИКС: Што и да направам, нема да биде едноставна позиција за Србија
- Реклама -