Европската Унија и Украина работат на предлог за договор за прекин на огнот со Русија, кој би требало да послужи како основа за идните преговори помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на европски извори.
Според неименувани лица запознаени со преговорите, „Волстрит џурнал“ извести дека за време на состанокот со високи американски претставници во Велика Британија, ЕУ ја отфрлила идејата за размена на територии во регионот Донецк, кој е под украинска контрола, како услов за прекин на огнот.
Главниот цел на Европа е да соработува со Украина во утврдување на црвена линија која ќе биде применлива во сите преговори со Русија.




