Украина ги укина конзуларните услуги за воено способните машки државјани во странство

Украина ги укина конзуларните услуги на воено способните Украинци кои живеат во странство, освен за оние кои треба да се вратат во Украина.

Британските медиуми пренесуваат дека украинското Министерство за надворешни работи сè уште не ја коментирало мерката, која се чини дека има за цел да го зголеми бројот на регрути за војната против Русија.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека украинската Влада наскоро ќе издаде објаснување во врска со конзуларните услуги за воено способните мажи во странство.

„Престојот во странство не го ослободува граѓанинот од обврските кон татковината“, истакна Кулеба во објава на Х.

Кулеба додава дека заштитата на правата и интересите на украинските граѓани во странство отсекогаш била и останува приоритет на Министерството за надворешни работи, но дека сега сто тоа изгледа како воено способното лице кое заминало во странство на својата земја и покажува дека прашањето за опстанок не го загрижува, а потоа доаѓа и сака да добива услуги од државата.

Прочитајте и:  Руски медиуми: „Орешник“ може да „испорача“ нуклеарни боеви глави од 900 килотони и да го погоди седиштето на НАТО за 17 минути

„Ако тие луѓе мислат дека некој таму, далеку на фронтот, ќе се бори и ќе го дава својот живот за оваа земја, а некој ќе седи во странство, а истовремено ќе добива услуги од оваа земја, тогаш тоа не функционира така,” додаде Кулеба. 

- Реклама -