Украдете ги нашите идеи

Повеќе... Stealourideas.com е блог на двајца креативци со премногу идеи, толку многу што ве повикуваат да им украдете некоја од идеите за бизнис, за маркетиншки кампањи и сè друго што ќе смислат.


Stealourideas.com е блогот на двајца креативци со премногу идеи, толку многу што ве повикуваат да им украдете некоја од идеите за бизнис, за маркетиншки кампањи и сè друго што ќе смислат.

2731.jpg

Како креативци во светот на рекламите тие знаат колку е тешко да се смислуваат нови идеи, таквата работа, како што велат тие, може да ве оддели од поважните работи во животот како семејството, пријателите или фудбалот…, па затоа целта на Stealourideas.com е да ви го заштеди вашето време и енергија што ви е потребна за да смислите нешто ново.  „Искористете ги нашите идеи и земете некоја награда“ порачуваат Адам и Џон. А нивните идеи и не се лоши. Погледнете ги и украдете им некоја.

- Реклама -