Изминативе денови украдени се повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, соопшти Град Скопје.
Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје, велат од Градот.
Штетата, додаваат, веќе е санирана од страна на ЈП „Паркови и зеленило“ и посадени се нови дрвја на истата локација.
„За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР. Апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото, бидејќи зелено и чисто Скопје е стремежот на сите нас“, додаваат од Град Скопје.