Иако не ги откри причините, УЈП сепак потврди дека сметката на пpaвното лице 1ТВ ДООЕЛ Скопје е блокирана. Меѓутоа, и покрај тоа, менаџментот на 1ТВ објави јавен демант и децидно ги отфрла таквите „тенденциозни дезинформации објавени во одредени медиуми“:
„Во врска со тенденциозните информации објавени во одредени медиуми дека е блокирана сметката на 1ТВ, Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид во банкарска потврда.
Воедно, ваквите дезинформации ги оценуваме како злoнамepни, кои имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата, предизвикувајќи и материјална штeтa, но и да внесат забуна кај клиентите и гледачите“, стои во демантот.
ОБНОВЕНО: УЈП: По блокадата на сметката, 1ТВ го плати долгот