Времето денес ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта, особено во источните и северните региони, ќе имаме услови за слаб локален дожд, известува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, најсилен долж Повардарието, а максималните температури ќе се движат помеѓу 12 и 19 степени.
Во Скопје, времето ќе биде слично – променливо облачно со можното појавување на слаб дожд во вечерните часови, а ветерот ќе биде умерен до засилен од северозапад. Температурата ќе достигне околу 17 степени.
Според прогнозите на синоптичарите, во недела и понеделник се очекува краткотрајна стабилизација на времето, со повеќе сончеви периоди. Меѓутоа, од вторник повторно ќе имаме период на претежно облачно време, со врнежи од дожд низ целата држава, кои ќе бидат посилни во четврток.




