УЕФА презеде чекори кон делумна реинтеграција на рускиот фудбал

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска на конгресот во Париз направи два чекори кон делумна реинтеграција на Русија во европските фудбалски натпреварувања и покрај војната во Украина која сè уште трае.

УЕФА одлучи руските репрезентации до 17 години во машка и женска конкуренција да се вратат сезонава на европската сцена што претставува ублажување на целосната забрана за настап на руски национални селекции и екипи на меѓународните натпреварувања.

Образложувајќи ја одлуката УЕФА наведе оти е „свесна дека децата не би требало да бидат казнети за постапките чија одговорност е исклучиво на возрасните и оти е цврсто уверена дека фудбалот никогаш не треба да се откаже од испраќање пораки за мир и надеж“.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна

Паралелно со оваа одлука УЕФА објави дека повторно ќе почне да делегира руски судии на меѓународните натпревари.

МИА

- Реклама -