Тајната архива во која се наоѓаат имињата на два милиони масони (наводно), првпат е објавена на страницата Ancestry, и открива во колкава мера масоните биле вклучени во контроверзната британска истрага за најголемата поморска катастрофа – таа на Титаник.
Архивата потврдува дека не само судијата кој го надгледувал британскиот комитет за катастрофата, туку и главниот истражител – биле масони.
Додека истрагата на американскиот Сенат покажала дека виновен е британскиот трговски одбор, поради „лабавите регулации кои допуштиле на бродот да има така мал број спасувачки чамци“, во британската истрага предводена од Lord Mersey такво обвинение немало.
Но Lord Mersey – чие вистинско име било John Charles Bigham, бил, како што сега се дознава, масон, кој во лондонската ложа се приклучил во 1881 година. Член на масоните од истата таа година бил и претседателот на одборот, Sydney Buxton. Титаник се случува во 1912 година, чисто за ориентација.
Од петте членови на експертскиот тим кој учествувал во истрагата, во масонската архива се наоѓаат имињата на уште најмалку двајца: професорот John Harvard Biles – специјалист за морнарска архитектура, и Edward Chaston – виш инженер.
Во меѓувреме се дознава и дека Lord Pirrie – директор на бродоградилиштето во кое е изграден Титаник (Harland and Wolff во Белфаст), и еден од директорите на компанијата која била на чело на White Star Lane (која го поседувала Титаник) – исто така биле масони.
Ник Комптон, посветен истражувач на Титаник и автор на книгата „Titanic on Trial“, вели вака: „Истрагата за Титаник во Велика Британија е означена како ‘корегирана’, бидејќи од неа се исфрлени сите вклучени. Само тројца патници се испитани, со тоа што сите патувале во првата класа.
И капетанот Смит бил исклучен, и тоа само поради тоа што повеќето бродови во тоа време обично би поминале низ мразот без поголеми последици.
Единственото лице кое се нашло под полн притисок од двете истраги бил капетанот на бродот „California“, кој се наоѓал на оддалеченост од 13 километри, и чиј екипаж ги гледал сигналните ракети испалени од Титаник, а не направиле ништо додека не било предоцна“.
Според Комптон, Британците повеќе се фокусирале на популистичките проблеми, како на пример дали спасувачките бродови примале богати патници кои нуделе мито, и зошто не се враќале по луѓето кои пливале околу бродот.
Британската истрага ја раководел трговскиот одбор – истиот тој кој дал одобрение за бродот, а за кого многумина верувале дека не ни сакал вистински да ги открие одговорните, бидејќи меѓу нив бил и самиот одбор, како и компанијата White Star Lane. Истрагата заклучила дека капетанот Смит го направил тоа што било кој друг способен човек би го направил на негово место, пишува Telegraph.
Поврзаноста со масоните фрла ново светло на целата истрага, а истовремено и укажува до која мера масоните биле интегрирани во британското високо друштво, како и тоа во која мера можеби управувале со истото.