Ударот со чадор и клоцата во стомак Јане Ченто ќе ги плати со 15 години затвор

Од прибавените снимки од упадот во Собранието на 27 април, јасно се гледа дека Јане Ченто со црвен чадор го удира Зијадин Села, а потоа со клоца во стомак го удира тогаш пратеникот Зоран Заев, образложи пред читањето на пресудите за „крвавиот четврток“ судијката Добрила Кацарска.

Судијката образложи дека ова е само дел од случувањата во Собранието, а целосен осврт за однесувањето на обвинетите Судот најави во писмената пресуда.

Јане Ченто е еден од 16-те осудени кои беа прогласени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а изречена му е пресуда од 15 години затвор.

По изрекувањето на пресудата, Јане Ченто се обрати до судот:

„Не се плашам од затвор. Вие нè осудивте, ама историјата ќе нè ослободи. Еден ден ќе огрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија!“, извика тој, по што истото го повторија и останатите обвинети во знак на поддршка.

Ченто не побара да се брани од слобода, со образложение дека и онака очекува во таков случај повторно да му биде напишана „некаква службена белешка“ со која повторно ќе биде вратен во притвор.

- Реклама -