„Ударен концерт што само вам ви припаѓа!“

Концерт по повод 30 години „Нокаут“ – Специјално шоу на 9 мај!

По три децении активно присуство на македонската музичка сцена, во 2026 година, не пропуштајте специјалната концертна вечер на вашиот омилен бенд!

На 9 мај, во сабота, со почеток во 21 часот, во СЦ „Јане Сандански“, еден од најуспешните македонски бендови, „Нокаут“, ќе одржи концерт што само вие можете да го искусите! Пере и неговите соработници ќе ве одведат на патешествие низ нивната музичка историја, изведувајќи ги најголемите хитови – од „Еј Би Си“ и „Временска машина“, до „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“ и многу други.

Бендот ветува исклучително аудиовизуелно искуство, целовечерен спектакл придружен со специјални ефекти и забавна атмосфера. Сцената во облик на овал, расположена во центарот на салата, со моќно озвучување, светлосни ефекти што создаваат магија, ќе го трансформира СЦ „Јане Сандански“ во вистинска музичка арена.

„Нокаут“ – концерт на 360 степени, каде што ќе можете да уживате од сите трибини. Она што за многумина е само мечта, Нокаут е тука за да го оствари и направи незаборавно.

Концертниот јубилеј ќе биде збогатен и со присуството на специјални гости, вклучувајќи го единствениот Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу музички изненадувања.

Не пропуштајте! На 9-ти мај, во СЦ „Јане Сандански“ во 21 часот, концертен спектакл по повод 30 години „Нокаут“. Билетите можете да ги набавите на веќе познатите локации.