Две учеснички во шоуто „Германски топ модел“, што го води Хајди Клум, добиле вошки. Едната од нив е Ана Марија, која имала најголеми шанси за победа.
Германскиот модел Хајди Клум, која е и продуцентка на шоуто, се обидува да сфати како учесничките добиле вошки. Шеснаесетгодишната Ана Марија, која се обидува да излезе на крај со досадните паразити, пред „инцидентот“ важела за фаворит.
„Не ми е јасно од каде ги фатив. Пробував еден шешир во продавница па може од таму“, рекла таа.
Хајди, сепак, има поинаква теорија. Таа мисли дека вошките се „сувенир“ од Њујорк каде што девојките биле на модна недела.