Доколку мислите дека видео игрите се нешто на кое децата залудно го трошат своето скапоцено време, жал ни е, но мораме да ви кажеме дека не сте во право. Quest to Learn е училиште кое беше отворено минатата есен во Њујорк, а негова задача е да ги образува децата исклучиво преку видео игри.

„Игрите го окупираат вниманието на децата со часови и ги тераат да решаваат одреден проблем иако константно наидуваат на препреки, но ако нешто слично им се случи во вистинскиот живот децата обично се откажуваат“ тврди учителката и дизајнерка Katie Salen.
Предметите се поделени во пет групи и децата пред се учат како да решаваат програмерски и математички проблеми, па така се подготвуваат за кариера во информатичките науки. Моделот на учење во училиштето се заснова на 30-годишните истражувања кои покажаа дека луѓето учат побрзо кога се во социјален контекст каде можат знаењето да го употребат. Децата учат повеќе, на пример, кога си замислуваат дека се Спартански шпиуни кои собираат податоци за Атина, отколку да меморизираат податоци за античка Грција. [A New School Teaches Students Through Videogames]