Учениците во Македонија на принуден распуст поради загадувањето

Во координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство, Владата одлучи второто полугодие за учениците во Македонија да почне најмалку два дена подоцна – од среда, 23 јануари. Причина е  континуираното зголемување на загадувањето на воздухот на територијата на цела Македонија.

Одлуката важи за сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија. Училиштата ќе бидат во функција, но учениците нема да посетуваат настава во наведениот период, соопштија од Владата.

Вонредни мерки за заштита од аерозагадување викендов беа активирани и во Битола, Струмица и Тетово, а активни вонредни мерки се прогласени и во Скопје. Бесплатен автобуски превоз, запирање на градежните работи под надлежност на Град Скопје и двојно поскапен паркинг, се дел од мерките.

Прочитајте и:  Донесена Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции
- Реклама -