Еден 15-годишен ученик од Русија ја имаше ретката можност да ја сними внатрешноста на авионот на рускиот претседател Владимир Путин. Видеото е објавено на неговиот YouTube канал.
Како се случи тоа?
На крајот на минатата година, рускиот претседател присуствуваше на волонтерски форум на ученици на кој беа избрани петмина млади учесници од кои Путин зема плико со писмо во кое тие му ги опишуваат своите желби. 15-годишниот Арслан Кајпкулов беше еден од нив, а неговата желба била одвнатре да го сними претседателскиот (Ilyushin) IL-96-300PU.
Еве дел од снименото: