Ученици прават ковчег за учителката

teachjerrВо едно основно училиште во Холандија, учениците направиле ковчег на
часот по дизајн за својата учителка која умира од рак. Ери ван ден
Бигелар (40) има уште неколку недели да живее, откако годинава беше
дијагностицирана со рак на матката.

 

svteacher_wideweb__470x3120

 

Во едно основно училиште во Холандија, учениците направиле ковчег на часот по дизајн за својата учителка која умира од рак. Ери ван ден Бигелар (40) има уште неколку недели да живее, откако годинава беше дијагностицирана со рак на матката.

Кога ја запрашала својата колешка по Домаќинство да и направи ковчег од дрво, добила одговор: „Зошто не им дозволиш на децата да го направат?“

Сега децата од училиштето во Сомерен ги изработуваат последните детали од ковчегот направен од даски, лепак и шајки. Останува уште покривот да биде наместен. Иако учителката е болна и неможе да предава повеќе, децата редовно ја посетуваат. 

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

„Животот и смртта се нормални работи“ – вели таа. „Децата сфатија кога им објаснив. Не сакав да бидам морбидна во врска со тоа, сакав да ми помогнат. Им кажав дека таму каде одам е многу пофино од овој свет.“
„Ниедно од децата не се чувствуваше лошо во врска со овој проект. Сите тие имаа поддршка од родителите истотака.“ 

 

Но, во Белгија проектот резултираше со негодувања.


Белгиските терапевти се пожалија дека децата не се комплетно способни да ја разберат последицата од губење пријател, родител и сл., и дека тоа би можело да биде непријатно искуство за нив.

- Реклама -