Забоболка, главоболка, болки во мускулите, артритис – речиси се можете да излечите или барем ублажите со состојки кои веројатно ги имате во кујната.
Ѓумбир против болки во мускулите
Данските истражувачи тврдат дека ѓумбирот, како обичен додаток во јадењето, може да ја ублажи болката во мускулите за 63 проценти. Во него постојат моќни супстанции, наречени „gingerols“, кои го инхибираат лачењето на хормоните виновни за чувството на болка. Научниците тврдат дека доволна е само една лажичка сушен или две лажички свежо исецкан ѓумбир при еден оброк дневно.
Ѓумбирот се користи и при проблеми со варење, но и против кашлица и настинка. Веќе со години се смета дека помага и против рак на јајници.
Сушено каранфилче и лук против забоболка
Нежното џвакање сушено каранфилче ја намалува забоболката и воспалението на непцата за само два часа, според научниците на UCLA. Еугенолот кој го содржи каранфилот е силен природен анестетик.
Одличен лек за забоболката е и лукот. Кога се дроби, чешнето лук ослободува алицин, кој делува како антибактериско средство. Следниот пат кога ќе ве заболи заб, издробете малку лук и нанесете го на болното место. Некогаш болката престанува за само неколку минути, а некогаш се потребни неколку часа пред целосно да престане.
Бел лук против болки во увото
Едноставно ставете 2 капки топло масло од лук (натолчете и помешајте со масло за јадење) во болното уво, 2 пати дневно, во текот на 5 дена.
Овој третман може да биде поефикасен дури и од лековите, според научниците од Медицинскиот Универзитет на Ново Мексико. Активната состојка во лукот (германиум, селен и сулфурни соединенија) можат да уништат десетици видови бактерии виновни за болките.
Цреши против разни болки
Една од четири жени се бори со артритис, гихт (костобол) или хронична главоболка. Во овие случаи, според истражувачите од East Lansing – Државен Универзитет на Мичиген, црешите можат да ја олеснат болката. Антисоцијанините, соединенијата кои им ја даваат црвената боја, имаат 10 пати посилни против-воспалителни својства
од аспиринот! „Антисоцијанините помагаат при гасење на силните ензими виновни за започнување на воспалителниот процес, што значи дека можат да спречат, но и да излечат различни видови болести“, објаснува професор од универзитетот. Тој советува 20 свежи, сушени или смрзнати цреши дневно, се додека болката не престане.
Јако кафе како додаток на лековите за мигрена
За оние склоните кон мигрена, научниците препорачуваат пиење на лековите заедно со шолја јако црно кафе. Кафето ќе го засили дејството на лековите за мигрена за повеќе од 40 проценти. Според експертите, кофеинот го стимулира желудникот побрзо и поефикасно да ги апсорбира таблетите против болки.
Сол против болки во стапалата и нокти враснати во месото
Научниците од Стенфорд тврдат дека решението против ноктите во месо е прилично едноставно – редовно потопувајте го стапалото во солена топла вода. Болната инфекција може да исчезне за само 4 дена. Солта ги ублажува воспаленијата и има анти-бактериски својства, што ја прави ефикасна против бактериите кои предизвикуваат отоци и болка.
Односот на растворот треба да е една лажичка сол на една чаша вода, а температурата може да биде и собна – само да не е оладена; тоа би предизвикало само дополнителни незгоди. Потопувајте го стапалото 20 минути, 2 пати дневно, се додека инфекцијата е активна.
Грозје против болки во грбот
Грозјето е едноставен начин за брзо закрепнување. Неодамнешната студија на Универзитетот на Охајо укажува дека една чинија дневно ги опушта крвните садови и го подобрува протокот на крв во оштетените ткива, често и за само три часа.
‘Рбетот е потполно зависен од околните крвни садови, кои го снабдуваат со потребните киселини и хранливи материи, па подобрувањето на крвотокот е клучен чекор во опоравувањето на ткивото.
Боровница против инфекции и болки во бешиката
Една чинија дневно смрзната, свежа или цедена боровница го намалува ризикот за инфекција на уринарниот систем за 60 проценти, тврдат истражувачи од универзитетот Рутџерс од Њу Џерси.
Боровницата е полна со танин – растително соединение кое важи за моќен природен непријател на бактериите кои се појдовна точка за заболувањата на мочните канали – објаснува Д-р. Ејми Хауел.
Мед против ранички во устата
Раничките најчесто настануваат по настинка или грип, и можат да бидат прилично болни и непријатни. Непастеризиран мед, 4 пати дневно, може да биде наједноставното решение, директно од вашата кујна.
Мачкањето со мед делува подобро од моменталните лекови дури за 43 проценти, тврдат научниците од Медицинскиот Центар на Дубаи. Суровиот мед е природен ензим кој се бори против воспаленијата, ги уништува вирусите и го убрзува опоравувањето на оштетеното ткиво.
Куркума против хронични болести
Најновите истражувања покажуваат дека популарниот индиски зачин е речиси 3 пати поефективен во ублажување на болката од аспиринот, а ги ублажува хроничните болки и за 50 проценти кај луѓето со хроничен артритис.
Последните години се случува експанзија на проучувањето на куркуминот – антиоксиданс што се наоѓа во куркумата. Студиите покажуваат дека има против-воспалително, антибактериско и антитуморско дејство. Се препорачува четвртина лажичка од зачинот дневно, во било кое јадење, од ориз, месо, па до зеленчук.
* Се разбира, пред употреба на овие лекови консултирајте се со вашиот доктор. Иако генерално не можат да наштетат, во одредени случаи може да се јави конфликт со некоја од моменталните терапии.