Вчера попладне во охридското село Велгошти е пронајдена мртва 47-годишна жена во дворот на нејзината куќа.
Случајот го пријавиле соседи, а евидентно било дека се работи за убиство, бидејќи на телото имало траги на насилство, а жената околу главата имала врзана пластична ќеса.
По наредба на јавен обвинител денеска се врши обдукција на телото на починатата, за да се утврдат точните причини за смртта.
Во врска со ова убиство е приведен охриѓанец, кој бил пронајден во Струга.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, како и дознавање на мотивите за ова злосторство.