Убиство во Мала Речица: Обвинетите виновни, ќе си лежат „цели“ 4 месеци

Ридван Дервиши, Лулзим Битри, Халил Камбери и Сабит Реџепи – четворицата обвинети за убиството кое на почетокот на април се случи во Мала Речица, се осудени на по 4 месеци затвор.

Колку за контекст, таквата казна не се разликува премногу од минималната казна што се изрекува за дело учество во тепачка

За потсетување, во конкретниот случај станува збор за вооружен инцидент помеѓу две ривалски групи од Куманово. Во престрелката беше убиен Наим Реџепи, додека Саби Реџепи и Флорим Мисини беа тешко повредени.

Двете групи – на Реџепи и на Мисими, првично започнале расправа околу изборот на претседател и членови во телата на ДУИ за град Куманово во партиското седиште на партијата во тетовска Мала Речица. Расправијата потоа се преселила надвор и преминала во тепачка во која биле користени палки, секира и нож, но потоа и во престрелка со огнено оружје. Покрај убиениот Реџепи, повеќе лица беа потешко и полесно повредени.

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности

виа Таратур

- Реклама -