Внатрешните сервиси на Ubisoft биле компромитирани минатата недела во безбедносен напад кога хакери се обиделе да украдат 900 GB податоци.
Според извештаите, цел на нападот, меѓу другото, биле и корисничките податоци на играчите на Rainbow Six Siege.
Ubisoft го забележал нападот 48 часа подоцна, но успеал да го спречи упадот пред хакерите да можат да ги украдат податоците.
„Свесни сме за инцидентот со безбедноста на податоците и во моментов целосно истражуваме“, соопштија од компанијата.
VX-Underground објави скриншот, наводно споделен од еден од напаѓачите, што покажува дека хакерите пристапиле до разговорите на Microsoft Teams, серверот Ubisoft SharePoint и други услуги.
Според извештаите, обидот на хакерите да пристапат до податоците на играчите на Rainbow Six Siege бил неуспешен. Во моментов не е познато дали можеле да добијат некои чувствителни информации пред Ubisoft да успее да ги открие.