Медиумите од Турција пренесуваат дека навиначи на Галатасарај убиле фан на Фенербахче по вчерашното големо дерби во Истанбул.
Инцидентот се случил по крајот на средбата на Шукру Сарачоглу Стадионот, натпревар на кој Фенербахче со 2-1 славеше над својот голем ривал Галатасарај.
Медиумите пренесуваат дека 19 годишниот фан на Фенер, Бурак Јилдирим си одел дома кога на автобуска станица бил нападнат од група фанови на Галатасарај.
Момчето било избодено со нож, веднаш било префрлено во болница каде подлегнало на повредите и покрај напорите на докторите.
Фенербахче изрази жалење за инцидентот и упати сочувство до семејството на Бурак Јилдирим.
Полицијата започнала истрага, медиумите говорат дека еден од напаѓачите носел дрес на Галата со број 7, но нивниот идентитет сеуште не е познат.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал