Користејќи се само со нејзиниот „iPhone 4s“ или „Nikon Coolpix“, Јоана Леманска успешно ја „лови“ убавината на градот во случајната водена рефлексија. Не е важно дали станува збор за Берлин, Лондон или Њујорк, нејзиното око е во постојана потрага по водена површина од чиј одраз ќе креира прекрасна фотографија. Во моментов Јоана живее во Париз, и е актуелна со нејзината изложба насловена „Cool Pics from Paris“.