Убавините на Никити

Никити е мало гратче кое се наоѓа на западната страна од најтесниот дел од вториот полуостров на Халкидики, Ситонија.

Туристичката понуда заедно со прекрасните плажи кои се наоѓаат во самото место, но и во непосредна близина, го прават Никити една од најпривлечните дестинации во летниот период.

nikiti5

Уште при пристигнувањето во Никити ќе се соочите со голема дилема – да тргнете кон морето или кон планините? Каде и да се свртите, ќе здогледате неспоредлива убавина. Без разлика за што ќе се одлучите, нема да заминете од ова прекрасно место незадоволни.

Ако при влезот во административниот центар на Ситонија свртите десно, патот ќе ве одведе до одличната плажа која се протега по целата должина на гратчето и по која се наредени огромен број кафулиња, таверни и ресторани со поглед на морето. Доколку пак свртите лево, ќе се искачите до старата населба, каде што постојат остатоци уште од праисториски времиња, а во целост се зачувани повеќе куќи чија градба датира уште од 1830 година.

nikiti-from-hill

Секој период од денот е идеален за прошетка низ малата медитеранска населба, во која ќе можете да уживате во традиционалната архитектура, старата црква Агиос Никитас (изградена во 1867 година) и старото училиште. При прошетката, не ја пропуштајте можноста да седнете на ручек во една од традиционалните таверни кои ќе ве потсетат на поедноставните времиња кога луѓето имале повеќе контакт еден со друг. Исто така, напијте се кафе во најстарото кафуле во градот, во сопственост на Никос Казанис, каде што ќе ве послужат на стари, дрвени маси, под сенката од огромните винови лози.

nikiti-ss-img8

За оние кои сакаат малку поактивен одмор, Никити нуди совршена можност за убава прошетка до спротивната страна на полуостровот, до гратчето Агиос Николаос. Убаво уредената патека има должина од нешто преку 10 километри и ќе ве одведе до место со прекрасен поглед на полуостровот Атос. Дури и ако не сте љубители на прошетките, ова место вреди да се посети со автомобил, бидејќи покрај можноста за истражување на населбата, Агиос Николаос ќе ви открие и неколку прекрасни плажи, кои се помалку посетени, т.е. помирни.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.com.mk

- Реклама -