За потребите на својата книга „Headbangers“, данскиот фотограф Џејкоб Ербан се изнашета по рок и метал фестивалите низ Европа. Бил на данскиот Copenhell, на германскиот Wacken Open Air и на шведскиот Metaltown. Но, наместо да се фокусира на музичарите, како што обично е ред, тој имал поинаква замисла – ќе нашол еден или двајца од публиката и ги фотографирал, што одблизу, што одоздола, што наспроти синото или сивото небо.
Поентата е дека има убаво и во хаосот. Овие интимни портрети овековечуваат ослободена, непотисната емоција – и сериозност, и радост – која во спротивно би останала изгубена во толпата и во моментот.