Убавицата стана полнолетна: Го препознавате ова 9-годишно девојче?

Актерката и пејачка вчера наполни 21 година. Таа влезе во светот на славните кога имаше само 9 години, во телевизиското деби наспроти познатиот диносаурус Барни на каналот на Дизни.

Потоа и беше понудена улогата на Алекс Русо во серијата „Wizards of Waverly Place“ која ја играше од 2007 до 2012 година и која ја прослави.

selena

По повод нејзиниот роденден, Селена Гомез гостуваше во шоуто на Рајан Сикрест на каналот E! и му откри детали како ќе го започне своето полнолетство.

„Ќе ја нарачам мојата прва чаша алкохол во ресторан. Најверојатно тоа ќе биде вино. Мајка ми веројатно ќе порача некое добро црно вино“, изјавила Селена и додала дека планира наскоро да се осамостои.

selena-gomez-2013-selena-gomez-34430136-1253-1600

„Време е да се отселам од семејната куќа и да си купам моја. Сакам да живеам со родителите и сакам да знам дека се покрај мене. Но, време е да имам сопствен покрив над глава“, вели Селена која покрај актерската гради и музичка кариера.

Селена долго време беше во врска со тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер кој е една година помлад од неа и со кој раскина пред неколку месеци.

selena-gomez-justin-bieber-split-for-good-9

Таа открива дека била премлада за врска и дека во иднина повеќе ќе ја штити нејзината приватност.

„Не е лесно да си славен и да одржуваш квалитетна врска“, заклучила Селена.

- Реклама -